Филм ноар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Филм ноар е стилистички пристап на жанровските филмови обликувани за време на Големата депресија, детективски и гангстерски филмови и валкани детективски приказни какви што се среќаваат во петпарачките романи. Филм ноар е во голема мера жанр базиран на натурализам, литературно движење базирано на реализам. Филм ноар е француски за „црн филм.“ Жанрот го има добиено своето име по серијата валкани детективски романи наречена „Série Noire“ по францускиот обичај на именување серија книги по бојата на нивните корици. Првата примена на поимот за обележување на еден филм му се припишува на францускиот критичар Нино Франк.
Филмовите од овој жанр се претежно црно-бели и се снимени во САД. За прв вистински филм ноар обично се смета Малтешкиот сокол (1941), а за последен Допир на злото (1958). Овие филмови обично се нискобуџетни и без ѕвезди, превртувајќи ја холивудската естетика на глава. Така, место да шират позитивна порака, филмовите претставуваат морално дискутабилни драми исполнети со нихилизам и цинизам, снимени со изразено меко светло и во урбани средини. Место јасни херои, главните ликови обично имаат маани од морална природа, споредните ликови во изразено дводимензионални додека учеството на т.н. femme fatale е карактеристично за овој жанр.
Откако популарноста на жанрот расте, големите студија позајмуваат некои од неговите стилски средства. Така, од ‘60-те и филмовите на режисери како Сем Пекимпау до ден денес и филмовите на браќата Џоел и Етан Коен, филм ноар постојано се јавува како влијание во помалку или повеќе изразена форма. За пример, целото сајберпанк движење, како и клучниот филм за ова движење Блејд Ранер (1982), го позајмуваат длабоко песимистичкиот светоглед како и клишеата на гангстерските филмови.
[уреди] Види исто така
- Листа на филм ноар