Литература
Од Википедија, слободна енциклопедија
Литература буквално значи "запознаетост со буквите" во првата смисла на зборот дадена од страна Англискиот речник на Оксфорд (од латинскиот збор littera што значи "индивидуално запишан знак (буква)"). Поимот денес општо означува збир текстови. Зборот "литература" како заеднички поим се однесува на било која пишана форма, од есеи до поезија; "Литература" исто така се однесува и на целото книжевно дело во постоење, како во светски рамки така и во рамките на една издвоена култура.
Содржина |
[уреди] Вовед
Литературата најчесто се разгледувува во однос на една нација, најчесто вклучувајќи збир од текстови што претставуваат една нација. И покрај тоа што литераурата може да закружува најразлични ентитети, како што се корпорации, философски школи, историски периоди и друго, сепак најчесто, употербата на зборот литература паѓа под оваа дефиниција.
Поопшто гледано, литературата може да претставува колекција од разкази, поеми и драми што се однесуваат на некоја одредена тема. Во ваков случај, расказите, поемите и драмите можат, но не мораат да имаат националистички импликации.
Клацифицирајќи некаков елемент како дел од литература (македонска литература, литература на маркетинг, хомосексуална литература, итн) може да се наиде на неколку потешкотии. За некои луѓе, зборот „литература“ значи било како симболички забис кој може да содржи слики и скулптури, а нормално и букви. За други, литературата мора да содржи само примери на тексуално сложени букви, или некакви други примери на симболички пишани јазици (пример хиреоглифи). Уште поконзервативна интерпретација ќе бара текстот да има физичка форма, вообичаено нашишана на хартија или друга форма кој овозмошува печатење.
Различни историски периоди истакнувале различни карактеристики на литературата. Најраните дела, најчесот се осврнувале на религиозни и советувачки пораки. Морализирањето или согледувањето на литературата се спречува од ваквите извори. Средниот век ја носи романста, додека „времињата на причината“ ги произведуваат националистичките епови и философската мисла. Романтицимот ја истакнува популарната народна литература и емотивните ставови, но сепак му даваат отворен пат на Западот, кој во 19-иот век ја започнува фазата на реализам и натурализам, трагајќи во реалното. 20-век го донесува симболизмот и психолошките гледичта, менувајќи го притоа тогашниот вообичаен тек.
[уреди] Литературни форми
[уреди] Поезија
Песна е композиција обично напишана во стих. Песните се потпираат на сликовитост, прецизен избор на зборови, и метафора; формата се мери во акценти и стресови (метрички стапки) или во ритам на слогови со различна должина; и тие може но не мора да користат рима.
[уреди] Драма
Една претстава или драма нуди уште една класична литературна форма што еволуирала низ годините. Општо земено, таа се состои од дијалог меѓу ликовите, и обично цели кон драмкса / театарска изведба (види театар) отколку кон читање на пишан збор. Во текот на осумнаесетиот и деветнаесетиот век, формата опера се има развиено со комбинација на поезија, драма и музика.
[уреди] Есеи
Еден есеј содржи дискусија на одредена тема од гледиштето на авторот. Примери за есеи се делата на Френсис Бекон и Чарлс Лемб.
[уреди] Прозна фикција
Прозата се состои од запис што не и се покорува на ниедна специфична формална структура (освен најосновна граматика). Прозниот запис често е сув запис, иако не значи дека не може да биде и елегантен, убав (но без да ги користи формалните својства на зборовите, како рима и метрика).
[уреди] Други видови на прозна литература
Философија, историја, журнализам, како и легалните и научни трудови традиционално се сметаат за литература. Во нив спаѓаат некои од најстарите прозни записи во постоење; романите и прозните приказни се наречени "фикција" со цел да се прави разлика меѓу нив и фактичкиот запис, кој писателите историски го сметаат за проза.
[уреди] Литературна критика
[уреди] Книжевна критика
[уреди] Книжевна теорија
[| Gruppo04:] links about European literatures