Франсоа Франкур
Од Википедија, слободна енциклопедија
Франсоа Франкур (француски: François Francoeur), (8 август 1698–1787) бил француски виолинист и композитор. Роден е во Париз како син на Жозеф Франкур, констрабасист и подоцнежен член на ансамблот 24 violons du roy. Учел музика од татко му и се вработил во на париската опера како виолинист кога има 15 години. По турнеи во главните европски престолнини, се вратил во париз и станал член на групата Concert Spirituel. Станал член на 24 violons du roy во 1730; музички инструктор во операта во 1739; и (заедно со Франсоа Ребел) оперски инструктор, во 1744. Во 1753 Ребел и Франкур станале управници на париската опера—која била центар на француската музика. Во 1760 Франкур бил назначен за главен музичар на кралот. Кога умрел во 1787 на возраст од 89 год., тој бил поштеден од судбината што го чекала неговиот внук, Луј-Жозеф Франкур, главен камерен музичар на кралот и директор на оркестар, кој бил затворен за време на Француската револуција сè до падот на Робеспјер во 1794.
[уреди] Композиции
Композициите зачувани денес, издадени во Propylaen der Musik, V. 2 (1989), се две книги со виолински сонати, 10 опери и неколку балети, компонирани заедно со Франсоа Ребел. Ова често се наведува како редок случај на соработка во музичката композиција.
[уреди] Музиколошки и стилистички белешки
Франкур понекогаш се категоризира како „класицистички“ композитор кој го одбегнувал „класицистичкиот стил на Хајдн и Моцарт“. Но неговите зачувани композиции (компонирани близу до 1773), иако современи на Хајдн и Моцарт, не претставуваат дворски маниризми какви што биле практикувани во класицистичката музика спонзорирана од кралевите во тоа време. Наместо тоа, музиката на Франкур има „напреден рококо“ карактер, збогатувајќи ги гудачките инструменти со креативна употреба на дувачки инструменти. Ваквата музика била особено популарна кај буржоазијата во подем и нижата аристократија во трговските центри како Лондон, Хамбург, Франкфурт како и во Париз, кој станувал сè поголем пазар за нови композиции.
[уреди] Медија
- Контратанц (инфо)
- Contredanse
- Не можете да ја чуете датотеката? Видете медија-помош.