Хамбург
Од Википедија, слободна енциклопедија
Хамбург (Долногермански: Hamburg, ['haˑmbɔːχ]) е вториот најголем град во Германија, а заедно со Хамбург Харбур, неговото пристаниште, Хамбург е исто така вториот најголем пристанишен град во Европската Унија.
Официјалното име Слободен и Ханзаски Град Хамбург (Германски Freie und Hansestadt Hamburg, Долногермански Free un Hansestadt Hamborg) се однесува на Хамбуршкото членство во средновековната Ханзаска Лига, како и на фактот што Хамбург е град-држава и една од сојузните покраини на Германија.
Хамбург се наоѓа во југозападниот дел на полуостровот Јиланд, географски сместен помеѓу Континентална Европа и Скандинавскиот Полуостров и меѓу Северното и Балтичкото море. Хамбург лежи на местото каде се спојуваат реките Елба, Алстер и Биле. Градскиот центар е лоциран околу езерото Биненалстер и езерото Аузеналстер.
Хамбург е меѓународен трговски град, како и комерцијален и културен центар на Северна Германија.
[уреди] Политика и администрација
Bürgerschaft-от (градското собрание) е парламентот на Слободниот и Ханзаски Град Хамбург, чии членови се избираат од граѓаните на Хамбург на секои четири години.
Erster Bürgermeister-от (Прв градоначалник) е глава на сенатот и се избира од градското собрание, како резултат на што тој е и претседател на градот-држава. Сегашен градоначалник е Оле фон Бојст.
Државата и административниот град покриваат 750 km² со 1.8 милиони жители, додека други 0.8 милиони живеат во соседните урбани средини. големиот Хамбуршки Метрополитен Регион (Metropolregion Hamburg) вклучува и некои области од сојузните држави Шлезвиг-Холштајн и Долна Саксонија, а покрива површина од 18,100 km² со преку 4 милиони жители.
Хамбург е организиран во седум градски региони (Bezirke) кои се состојат од 104 квартови (Stadtteile):
- Алтона
- Бергедорф
- Ајмсбутел
- Харбург
- Мите
- Норд
- Вандсбек
Три мали острови во Северното Море исто така припаѓаат на градот-држава Хамбург: Нојверк, Шархурн и Нигехурн.
[уреди] Историја
Градот го носи името на првата парламентарна зграда - замок кој бил изграден по наредба на императорот Шарлемањ во 808 година. Замокот бил изграден на карпесто тло помеѓу реките Алстер и Елба, како одбранбена структура против Словенските напади. Замокот бил наречен Hammaburg, кадешто "burg" значи "замок".
Значењето на "Hamma" елементот во името на градот-држава останува несигурно. Најверојатно води потекло од "hamma" од старогерманскиот јазик, збор што има две значења: агол и пасиште. Аголот може да се однесува на местото каде се спојуваат реките, или пак на нивната закривеност. Според други теории, градот е именуван по шумата Хама, или селото Хам, подоцна втопено во градот. Според трети теории, Хамбург произлегува од старосаксонскиот збор ham што значи брег.