Јазик за означување
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Јазикот за означување врши комбинирање на текстот со некои дополнителни информации поврзани со текстот. Дополнителните информации, пример структурата на текстот и начинот на негова презентација, се изразува со помош на означувачи/маркери, кои се вметнати во примарниот текст. Најпознат jазик за означување во современа употреба е HTML (HyperText Markup Language). Историски гледано означувањето било користено (и сеуште се користи) во издаваштвото во процесот на комуникација помеѓу авторите, издавачите и печатарите.
Јазиците за означување често се поделени во три класи: презентациони, процедурални и описни.