HTML
Од Википедија, слободна енциклопедија
HTML (HyperText Markup Language) е најдоминантен јазик за означување кој се користи за креирање на web страници. Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со помош на означување/маркирање/подвлекување на одредени делови од текстот како што се насловите, параграфите, листите, итн., при што овој означен текст се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. HTML исто така го опишува, до одреден степен, изгледот и семантиката на документот и може да содржи дополнителни својства, како например вгнезден програмски код, кој може да влијае на однесувањето на web прелистувачот или било кој друг HTML процесор.
Категории: Веб | Интернет | Информатика | Програмирање