Џидимирци (Велешко)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џидимирци е село во Општина Велес.
Села во Република Македонија | |
---|---|
Мапа | |
Име: | Џидимирци |
Општина: | Општина Велес |
Население: | 9 жители |
Поштенски број: | - |
Повикувачки број: | - |
Надморска височина: | 490 метри |
Географска широчина: | - |
Географска должина: | - |
Веб страница: | Нема |
Содржина |
[уреди] Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во крајниот североисточен дел на Општина Велес и неговиот атар се допира до границите на општините Свети Николе и Петровец односно со Овчеполието и Скопската котлина. Oд градот Велес Џидимирци е оддалечено 27 километри. Селото е ридско и лежи на надморска височина од 490 метри во басенот на реката Отовица.
[уреди] Историja
Селото Џидимирци од секогаш било населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед. Со анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австроунгарија, во 1887/88-тите години на XIX век, турските власти во ова велешко село (како и во уште неколку велешки села, меѓу кои и Ветерско) насилно на земјата на селаните населила муслимански бегалци Бошњаци и Турци-Маџири кои потоа биле насилно иселени од српските власти во 1914/15 година, и селото повторно го добило својот чист македонски карактер кој го има задржано и денес.
[уреди] Економија
Жителите на селото исклучиво се занимаваат со земјоделие. Се одгледуваат градинарски култури (кромид, лук, морков, домат, краставици) но пред се за домашна употреба. Покрај земјоделието застапени се и сточарството (одгледување на крави и овци) и живинарството (одгледување на кокошки, гуски и други домашни птици). Во близината на селото има големи наоѓалишта на камен за градежништво (ѕидање) познат како „ѓуришки камен“.
[уреди] Демографија
Селото Џидимирци е мало и е во фаза на раселување. Бележи константен пад на бројот на жителите па така од 16 жители (сите Македонци) во 1994 година, на пописот од 2002 година се попишани 9 жители, сите Македонци.
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
Селото Џидимирци е месна заедница во рамките на Општина Велес со претстедателот Никола Ордевски.
[уреди] Културни и природни знаменитости
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=17&Itemid=40&limit=1&limitstart=5