Џон Непер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Џон Непер од Мерчистоун (John Napier of Merchistoun) (1550 – 4 април 1617), наречен Чудесниот Мерчистоун (Marvellous Merchistoun) бил шкотски математичар, физичар, астроном/астролог и Осми Лерд од Мерчистоун. Најпознат е по изумувањето на логаритмите и Неперовите коски, како и заживувањето на употребата на децималната запирка. Неговото родно место Мерчистонски Замок, Единбург денес е дел од Неперовиот Универзитет. Починал од костобол и бил погребан во црквата Св. Кутберт, Единбург.
Содржина |
[уреди] Напредоци во математиката
Непер е малку познат вон математичарските и инженерските кругови, за чиј напредок тој направил многу. Со помош на логаритмите рачните пресметувања станале многу полесни и побрзи, и така тие го трасирале патот за многу други пронајдоци и напредци. Неговото дело, Mirifici Logarithmorum Canonis Descriptio, има 37 страници објасненија и 90 страници со таблици (логаритамски таблици), со чија помош астрономијата, динамиката, физиката и астрологијата продолжиле да се развиваат. Изумител е и на направата за множење наречена Неперови коски.
[уреди] Теологија
Непер ги употребил своите математички способности во теологијата, каде со помош на Откровението ја предвидувал Апокалипсата. Според неговото мислење, крајот на светот требал да дојде во 1688 или 1700. Некаде среќаваме и тврдења дека Непер бил и некромант; меѓутоа знаеме дека во тоа време ваквите неосновани обвиненија брз науќчно талентирани лица биле честа појава.
[уреди] Почести
По Непер се именувани повеќе нешта, како на пример алтернативната единица на децибелот која се користи во електроинженерството - неперот, Неперовиот Универзитет во Единбург, катерот Непер на Месечината,[1] како и еден астероид во 1992 - 7096 Непер.
[уреди] Видете исто така
- Логаритам
- Логаритамска таблица
- Неперови коски
- Јост Бирги - независнен изумител на логаритмите
[уреди] Белешки
[уреди] Наводи
- О'Конор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. "Џон Непер". MacTutor архива на историја на математиката. (англиски)
- Диплудис, Александрос. Отпрашување на Неперовите коски. Универзитет Хериот-Ват, 1997. (англиски)
- "John Napier." Math & Mathematicians: The History of Math Discoveries around the World. 2 тома. U*X*L, 1999. (англиски)
- Џон Непер (англиски)
- Кратка биографија и превод на делата за логаритми (англиски)
- Џонстон, Иан. Шкотскиот генијалец кој го трасирал патот за Њутновите откритија (англиски)
- Вовед во сферичната тригонометрија Со расправа за Неперовиот круг и Неперовите правила (англиски)
[уреди] Библиографија
- (1593) Plaine Discovery of the Whole Revelation of St. John
- (1614) Mirifici logarithmorum canonis descriptio
- (1617) Rhabdologia