Американски долар
Од Википедија, слободна енциклопедија
Американски долар е официјалната валута на САД. Американскиот долар исто така е во широка употреба како резервна валута надвор од САД. Во моментов, издавањето на валутата е под контрола на Федералната Банка на САД. Најчесто користен симбол за американскиот долар е знакот долар ($). Кодот ISO 4217 за американскиот долар е USD. Американскиот долар исто така се обележува како US$ од Меѓународниот Монетарен Фонд. Исто така банкнотата не се штампа на хартија (од дрво, целулоза) туку од специјално изработени листови од памук.