Од Википедија, слободна енциклопедија
|
Избрана статија за оваа седмица ... |
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на Видовден - 15 јуни според јулијанскиот, односно на 28 јуни 1389 година според григоријанскиот календар во месноста Газиместан на Косово Поле, северно од Приштина. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија.Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. По оваа битка Османлиите го зацврстиле своето господство над централниот Балкан кое ќе го имаат сѐ до Балканските војни т.е. до 1912.
|
|
|
На денешен ден 18 март ... |
Настани:
1871 |
Неофицијален почеток на Париската Комуна. |
1962 |
Во швајцарското градче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за ослободување на таа земја од француската колонијална власт. |
1996 |
Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи. |
1996 |
Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија. |
Родени:
1844 |
Николај Римски Корсаков, руски композитор. |
1858 |
Рудолф Дизел, германски инженер и научник. |
1869 |
Артур Невил Чемберлен, британски политичар. |
1932 |
Џон Апдајк, амеркинаски писател. |
1963 |
Ванеса Вилијамс, американска актерка и пејачка. |
1970 |
Квин Латифа, американска пејачка и актерка. |
Починале:
1909 |
Кузман Шапкарев еден од најзначајните собирачи, публикатори, афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. |
1980 |
Ерих Фром, германски философ и психоаналитичар. |
|
|
Целосна листа на Вики-јазици • Повеќејазична координација • Започнување на Википедија на друг јазик • Викимедија статистики