Ананд Сатјананд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Неговата Екселенција Поч. Ананд Сатјананд | |
19-ти Генерален гувернер на Нов Зеланд
|
|
Во служба | |
На функција од 23 август 2006 |
|
Претходник | Дејм Силвија Картрајт |
---|---|
|
|
Роден | 22 јули, 1944 Окленд, Нов Зеланд |
Сопружник | Сузан Сатјананд |
Ананд „Сеч“ Сатјананд (англиски: Anand "Satch"[1] Satyanand), ГКОЗНЗ (PCNZM) (роден 22 јули 1944 во Окленд) е Генералниот гувернер на Нов Зеланд. Пред тоа, тој бил правник, судија и народен правобранител.
Дошол на местото на Дејм Силвија Картрајт како енерален гувернер на Нов Зеланд на 23 август 2006. Првиот нацрт-закон на кој тој дал Кралска согласност бил „Coroners Bill“.[1]
Сатјананд е првиот Генерален гувернер на Нов Зеланд од неевропско потекло и првиот кој нема витештво или дејмство. По скорешните промени, со земање на титулата Генерален гувернер, тој ја задржува титулата Почесен за цел живот [2]. Сатјананд е и првиот римокатолик на оваа функција. [3]
Роден е и израснал во Окленд во индо-фиџијанско семејство, со тоа што неговите баба и дедо се преселиле во Фиџи од Индија во 1911 год.
Сатјананд се обарзувал на Оклендскиот универзитет каде завршил право во 1970. Во текот на следните 12 години работел како правник, меѓу другото и во Јавното обвинителство.
Во 1982 бил поставен за окружен судија. Во 1995 бил назначен за народен правобранител и служел два рока од по 5 години. Помеѓу 2005 и гувернаторството, претседавал со Доверливиот Форум на некогашни пациенти-станари на психијатарските болници.
На 30 ноември 2006 бил домаќин на средба помеѓу тогашниот Премиер на Фиџи Лаисенија Карасе и командантот на војската, комодор Френк Баинимарама во Владиниот Дом во Велингтон, во обид за разрешавање на влошената состојба во Фиџи. Иако тој бил домаќинот, Сатјананд не учествувал во преговорите, туку на чело стоел Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс. [2] Сатјановиот гамбит била последната сериозна усилба од меѓународната заедница за спречување на воениот пуч кој следел на 5 декември.
Оженет е и има три возрасни деца.
[уреди] Наводи
- Соопштение за печат од Бакингемската палата ((en))
- Биографија ((en))
[уреди] Фусноти
- ↑ Вонг, Пенси. „Генералниот гувернер со големото срце“. [Страницата е посетена на 6 октомври 2006].
- ↑ "Питерс вели дека преговорите за ситуацијата во Фиџи се конструктивни", Оклендска фиџијанска заедница, 30 ноември 2006.
Претходник: Дејм Силвија Картрајт |
Генерален гувернер на Нов Зеланд 2006- |
Наследник: нема |