Анастас Јанков
Од Википедија, слободна енциклопедија
И „врховистот”, бугарскиот полковник Анастас Јанков (?-1906) од село Загоричани, кога во 1902 година отиде со голема чета во Костурско за да крева „востание”, издаде проглас во кој меѓу другото се вели: „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за светската слава на Македонија великиот Александар Македонски; сетете се за храбриот цар Самуил, македонскиот великан, за прекрасниот Марко Крале општословенска слава, - дека во нив течела македонска крв; тие од небесните височини бдеат и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нè гуши пет века...”