Антакија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Антиохија ( турски: Antakya, грчки: Αντιόχεια) е град во Јужна Турција, центар на провинцијата Хатаи. Се наоѓа на реката Оронт, блиску до вливањето ѝ во Средоземно море. Населението на градот иознесува 144 910 од пописот во 2000 година. Градот е основан во 300 пр.н.е. од Селевк I Никатор со името Антиохија. Овој град бил престолнина на Селевкидското царство до 64 пр.н.е., кога бил преземен од страна на римјаните и станал центар на провинцијата Сирија. Во рамките на Римската империја тој е третиот по големина град по Рим и Александрија. Антиохија е важен центар на христијанството, седиште на една од првите четири патриархии. Значењето на градот се намалило кога бил разрушен од страна на египетскиот султан Баибарс I.