Антика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Антика (герм. Antike, antik, од фр. antique, лат. аntiquus – старински, древен) е термин кој го означува периодот на европската политичка и културна историја во кој водечка улога имале стара Грција и Рим.
Старогрчка цивилизација се простирала на просторите на денешна Грција, Мала Азија, Сицилија, јужна Италија, а подоцна и во Египет, Сирија и Индија. Бидејќи старогрчка цивилизација не може да се ограничи само на Грција ниту само на Грците, најпогодни се старогрчките имиња Хелада и Хелени.
Антиката го опфаќа периодот од околу 15 векови, од 1000 година п.н.е. до 500. н.е., помеѓу падот на Западното Римско Царство (476) и затворањето на паганските филозофски училишта во источното, Јустинијаново царство.