Аракан
Од Википедија, слободна енциклопедија
ရခုိင္ပ္ရည္နယ္ Аракан (Ракајн) (rahkuing pranynai) |
|
Главен град | Ситуеј (Акјаб) |
Регион | Западен |
Површина | 36.780 km² |
Население | 2.698.000 |
Народи | Ракини, Бамари,Чини |
Религија | Ислам, Будизам |
Аракан или Ракајн (име кое повеќе се користи денес) е една од седумте држави во Мијанмар. Сменстена е на западниот брег и се граничи со Чин на север, Магвеј, Пегу и Иравади на исток, Бенгалски Залив на запад и Бангладешката провинција Читагонг не северозапад.
Содржина |
[уреди] Етимологија
Името Ракајн (или Аракан) е развиен од Палискиот збор Rakkhapura или Санскритскиот Raksapura, што значи земја на народот Ракаса (Rakhasa > Rakkha > Rakhine) и самиот збор Ракајн значи тој што ја одржува својата раса.
Името "Aракан" низ историјата е користено во Бенгалскиот, Арапскиот, Португаскиот, и Англискиот како замена алтернативна замена за "Ракајн", кое било користено од домородното население.
[уреди] Демографија
Во Аракан постојат 11 етнички групи (не вклучувајќи ги етничките под групи), од кои Ракините и Бамарите се домородни и најмногубројни. Поради големиот број на народи ситуацијата е покомплексна поради политичките тензии.
[уреди] Административна поделба
Аракан е поделен на 5 дистрикти: Ситуеј, Монгдоу, Бaтидаунг, Чокпру и Тендоу. Има 17 градски општини и 1,164 села.
[уреди] Еконимија
Во Аракан годишно паѓа многу дожд и со тоа оризот е застапен во околу 85% од вкупната обработлибва површина. Кокосот и Нипа палмата се исто така важни. Рибарството е најважната индустриска гранка. Следи дрвната индустрија и рударството.
[уреди] Види исто така
[уреди] Надворешни врски
- Будистичко мисионерско друштво
- Раки ните во Јапонија
- Араканската литература
- Rakhapura
- Arakan Internet Journal
- Rohingya National Organisation
Административна поделба на Мијанмар | |
Окрузи: Иравади | Пегу | Магвеј | Мандалај | Сагаин | Тенасерим | Рангун | |
Држави: Чин | Качин | Каија | Карен | Мон | Аракан | Шан |