Портал:Биологија/Избрана статија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Поларната мечка (Ursus maritimus), позната и како „бела мечка“ е мечка која живее во областа на Северниот Пол. Таа е најголемиот сувоземен месојад на светот, бидејќи мажјаците најчесто тежат 300 - 600кг, а женките пола од тоа. Крзното и' е прозрачно, но изгледа како бело или кремасто, со што му обезбедува на животното добра камуфлажа. Кожата и' е всушност црна. Дебелото сало и крзно ја изолираат од студот. Има кус опаш и мали уши, што ја намалува загубата на топлина. Има и релативно мала глава и долгнавесто тело, што и' дава брзина при пливањето. Поларната мечка е полу-воден цицач, прилагоден на живот на копно, море и мраз, и е врвен месојад во нејзиниот животен простор. Се храни главно со фоки, млади моржови и китови, но всушност, ќе изеде се' што може да улови.
Поларните мечки се ранлив вид со висок ризик за исчезнување поради прекумерниот лов и поради исчезнувањето на нивниот животен простор поради топењето на мразот на Северниот Пол. Зоолозите и климатолозите веруваат дека популацијата на белите мечки ќе се намали на една третина од сегашната до 2050год. Во речиси сите земји од регионот на Северниот Пол поларната мечка е прогласена за загрозен вид и е заштитена со закон.