Болшевици
Од Википедија, слободна енциклопедија
Болшевиците (руски: Большеви́к) биле фракција од Марксистичката Руска Социјалдемократска Работничка Партија, којашто се разделила од Меншевичката фракција на Вториот партиски конгрес во 1903 и на крај станала Комунистичка Партија на Советскиот Сојуз. Болшевиците дошле на моќ во Русија за време на Октомвриската револуција во 1917 и го основале Советскиот Сојуз.
Болшевиците (името доаѓа од „болшинство“, на македонски „мнозинство“) биле организација на професионални револуционери со строга внатрешна хиерархија водени од принципите на демократскиот централизам и квазивоена дисциплина, кои се сметале себеси за главни водачи на револуционерниот пролетеријат. Нивните верувања и практики често се нарекуваат Болшевизам. Партијата била основана од Владимир Ленин, кој исто така ја водел и во Октомвриската револуција.