Бугарска Егзархија
Од Википедија, слободна енциклопедија
На 28 февруари 1870 година бил издаден султански ферман за создавање бугарска црква, наречена Егзархија, одделна од Цариградската патријаршиjа. Бугарската Егзархија е врвна национална организација на бугарската национална црква. Постои од 1870 до 1953 година. Била распространета низ денешните Македонија, Бугарија, делови од Србија, Грција, Турција и Романија. Востановена е со султански Ферман од 27 февруари 1870. Според тој акт, како и според егзархискиот Устав од 1871, бугарската Егзархија е призната за официјален претставник на бугарскиот народ во Отоманската Империја. За прв бугарски езарх е избран Видинскиот Митрополит Антим.
По ослободувањето на Бугарија (1878) во составот на бугарската Егзархија влегуваат главно македонските епархии. Тие ја држат во свои раце училишната мрежа (просветата), ги назначуваат, плаќаат и командуваат свештениците и учителите. Во нејзин состав до 1912 година биле вклучени и следните македонски епархии: Велешка, Скопска, Охридска, кои се приклучувале по пат на јавно изјаснување и Битолска, Дебaрска, Струмичка, Неврокопска, како и обласните намесничества Леринско (Мегленско), Воденско, Солунско, Поленинско (Кукушко), Серско, Мелнишко, Драмско.