Вимблдон
Од Википедија, слободна енциклопедија
The Championships, Wimbledon (Вимблдон) |
||
---|---|---|
Гренд Слем | ||
Локација | Вимблдон Обединето Кралство |
|
Подлога | трева / отворено | |
Учесници (мажи) | 128 п / 128 кв. / 64 дв. | |
Учесници (жени) | 128 п / 96 кв. / 64 дв. | |
Награда | £ 20,000,000 | |
Официјална веб-страна | ||
Гренд Слем Турнири | ||
|
Шампионатот Вимблдон, или многу попознат само како Вимблдон, е најстариот голем турнир во тенис и е општо признат и како најпрестижен во белиот спорт [1].
Се оддржува секоја година кон крајот на јуни и почетокот на јули [2] во период од две седмици (обично завршува, најдоцна, на втората недела во јули) на тениските терени на Ол Ингланд Клубот (All England Lawn Tennis and Croquet Club) во Лондон, Англија. Турнирот е третиот Гренд Слем настан по ред, веднаш по Австралијан Опен и Ролан Гарос, а пред УС Опен. Често, како резултат на честите врнежи, самиот настан се оддолжува.
Симултано се оддржуваат неколку турнири, сите за време на истиот период, и тоа во поединечна конкуренција кај мажите, поединечна конкуренција кај мажите, во двојки кај мажите и жените, како и во мешани двојки. Младинските турнири – поединечна конкуренција за момчиња, поединечна конкуренција за девојки, двојки за момчиња и двојки за девојки – исто така се оддржуваат. Покрај тоа, Вимблдон е познат и по своите специјални турнирски типови: двојки за мажи над 35 години, двојки за мажи над 45 години, двојки за жени над 35 години и двојки за лица во инвалидска количка.
[уреди] Белешки
[уреди] Надворешни врски
- Официјална страна
- 3D мапа на земјиштето од 2007 година
- Вимблдон центар - неофицијална страна
- Вимблдон билети - неофицијална страна
- Сателитска слика на околината (Google Maps)
- BBC Five Live за Вимблдон
Претходник: Ролан Гарос |
Гренд Слем турнир јуни-јули |
Наследник: УС Опен |