Внатрешна архитектура
Од Википедија, слободна енциклопедија
Внатрешна архитектура е дел од архитектурата кој се занимава со исцртување и обликување на внатрешноста на градбите сосе покуќнината.
Внатрешно уредување, Внатрешен дизајн
Содржина |
[уреди] Историја
[уреди] Обликување на внатрешноста на градбите
[уреди] Молерски работи
Молерај е уредување на површините на внатрешните ѕидови и плафони.
[уреди] Подополагачки работи
Подополагање е уредување на подовите на градбите.
[уреди] Столарски работи
Столарија е термин кој се користи за прозорците и вратите во една градба. Столарските работи се изработување и поставување на прозорци и врати.
[уреди] Инсталациони работи
Инсталациони работи се однесуваат на изработка и поставување на инсталации за вода, струја, телевизија, радио, интернет, греење, канализација и ѓубре во една градба.
[уреди] Распоредување на покуќнина
Покуќнина е целата опрема, мебел, кујнски прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди, кои се користат во едно домаќинство.
Внатрешната архитектура се занимава со обликување и распоредување на покуќнината, каде главен акцент е исцртувањето и распоредувањето на мебелот во градбата. За обликувањето и исцртувањето на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди се користи терминот дизајн, иако и таа вештина може да се смета како дел од внатрешната архитектура. Тешко може да се постави граница меѓу внатрешна архитектура и дизајн, воошто и меѓу архитектура и дизајн. Бидејќи производство на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди е индустриализирано се користи и терминот индустриски дизајн како мултидисциплина на машинство и дизајн.