Вошка
Од Википедија, слободна енциклопедија
Вошките (латински: Pediculus humanus capitis) се мали инсекти без крила и цицаат крв од главата. Нивната боја е различна, од белузлава до кафеава и црвеникава до кафеава. Вошките живеат само кај луѓето. Ако се oтстранат од главата, тие умираат обично во рок од 24 часа. Вошките не скокаат, тие можат само да ползат при што се пренесуваат од глава на глава.