Гавраил Радомир
Од Википедија, слободна енциклопедија
Гаврило (Гаврил) Радомир (1014-1015) е првородениот син на Цар Самоил и Агата. Управувал со Самоиловото царство по смрта на татко си. Убиен е сурово од неговиот братучед Јован Владислав.
За време на неговото кратко но добро владеење неговиот престол се наоѓал во Битола. Тој во себе ја носел моќта за владеење на својот татко и неколку пати успешно ја одбранил својата територија од Византиските напади.Сепак беше спречен од убиството од неговиот љубоморен и желен за власт братучед Јован Владислав.
Самоил | >>> | Гаврило Радомир, цар на Самоиловото царство (1014— 1015) | >>> | Јован Владислав |