Глигор Стефанов Попев
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роден е во Прилеп. Потекнувал од богато трговско семејство, а и самиот станал крупен трговец. Во револуционерната организација влегол во 1894 година, а бил внесен лично од Даме Груев.
Г. Попев станал член на Битолскиот окружен комитет и како близок пријател на Даме Груев бил негова десна рака во Округот. Потоа, тој станал член и на Централниот комитет на ТМОРО.