Говор
Од Википедија, слободна енциклопедија
Говор е конкретното остварување на јазикот. Говорот преставува остварување на системот на јазикот преку конкретен акт на комуникација и е индивидуална појава. Тој е начин на кој единките го остваруваат и употребуваат јазикот. Говорот е динамичен и постојано се стреми да ги наруши односите во системот. Говорот е јазик во акција и е моментален и неповторлив.