Од Википедија, слободна енциклопедија
Гуџарат е сојузна држава во Индија со површина од 196.024 km² и 50.596.992 жители (сос: 1. јан. 2001). Гуџарат е индустриски најразвиената држава во Индија. Остварува 19.8% од вкупното индиско индустриско производство. Гуџарат се граничи со Пакистан, а од индиските држави со Раџастан на североисток, Мадја Прадеш на исток и Махараштра на југ. Арапското море е на западниот брег на државата. Главен град на Гуџарат е планскиот град Гандинагар, кој го замени бившиот главен град Ахмедабад, кој и понатаму е комерцијален центар на Гуџарат. Сурат представува светски центар за изработка и брусење на дијаманти. Тука се изработуваат и се брусат 90% од светското производство на дијаманти или 55% од светската вредност на дијамантите, што на Индија и носи 8 милијарди $.