Долмен
Од Википедија, слободна енциклопедија
Долмен (tol-маса, men-камен) или камена маса e стар бретонски израз за да се означат камените гробни конструкции во вид на џиновски маси, бидејќи навистина така изгледаат.
Можат да бидат составени од два исправени камена и еден хоризонтален кој налегнува во нив (формирајќи ја буквата П) па се до групација од такви камења. Најчесто се состојат од три до шест големи камени блокови вкопани во земја преку кои е положена огромна камена плоча.
[уреди] Надворешни врски
- Долмени, менхири и камени кругови во Јужна Франција - на англиски и на француски
- Слики на Долмени од Роберт Трист