Евреиски универзитет во Ерусалим
Од Википедија, слободна енциклопедија
Како идеја за таков универзитет произлегува уште на Првиот сионски собир во Базел. Местото за изградба на зградата на универзитетот е осигурено од руските евреи. Новата школа започнала да работи на 1 април 1925 г. Најпрвин биле воведени само три факултета: по микробиологија, хемија и евреиска наука.
Во времето на Војната за независност на Израел универзитетот бил оделен од евреискиот дел на Ерусалим, а по Шестдневната војна од 1967 година работата на универзитетеот се одвивала на друго место.
Во денешни времиња, на универзитетот има 7 факултети и околу 20 илјади студенти.