Ерусалимски храм
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ерусалимскиот храм, според Библијата, бил изграден се со цел во него да биде поставен Ковчегот на заветот.
Содржина |
[уреди] Етимологија
На хебрејски јазик, Ерусалимскиот храм се нарекува Бејт ха-Микдаш, кое се преведува како "Свет дом", но во Библијататој се нарекува уште и Бејт Адонај("Домот на Бог"). Според митот, Храмот бил изграден согласно желбите на царот Давид, на кој пак самиот Бог му ги кажал инструкциите за храмот. И покрај неговитежелби за изградба на храмот, тој никогаш не го видел готов бидејќи починал а храмот го изградил неговиот наследник и син Соломон.
[уреди] Хронологија на храмот според Библијата
• Храмот на Соломон или Првиот храм - бил изграден според Библијата од цар Соломон (во текот на 10 век п.н.е.). Целосно бил разрушен од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор II во 586 година п.н.е.
• Вториот храм – неговата изградба започнала околу 536 година п.н.е., по враќањето на евреите од Вавилон, а целосната му изградба траела се до 515 година п.н.е.
• Храмот на Ирод - представува значително расширување на Вториот храм. Бил започнат од Ирод Велики кон крајот на 19 година п.н.е. а целосно завршен во 64 година. Храмот бил разрушен во 70 година од император Тит. Денеска од храмот е останата само западниот дел- Ѕидот на плачот.
[уреди] Храмот според религиите
[уреди] Јудаизам
Со разрушавањето на Вториот храм, во јудеизмот престанала и практиката за одржување на ритуалите кои се вршеле до тогаш. Западниот дел (Ѕидот на плачот) е место каде многу верници се молат на Бог. Овој ѕид всушност по 1967 година се превраќа во синагога под откриено небо.
Во денешно време се повеќе е застапена тезата дека е потребно за изградба на нов –Трет храм.
[уреди] Ислам
Џамијата Ал Акса е едно од најсветите места на муслиманите.
[уреди] Христијанство
Храмот е споменет на неколку пати во Новиот Завет. Самиот Исус Христос го посетил неколку пати. Апостолите на Исус продолжиле да го посетуваат храмот и по неговото воскреснување. Во времето кога Ерусалим станал христијански град, христијаните изградиле црква во чест на Исус Христос, но таа била разрушена од страна на муслиманите и претворена во џамија позната како Ал Акса.