Источна Македонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Источна Македонија е географски регион во границите на Република Македонија кој се протега на исток од грницата со Бугарија, на север до етногеографскиот регион Козјачија, и општините Куманово и Крива Паланка (Северна Македонија), на југ до границата со Грција на планината Беласица и на запад до Повардарскиот регион (Средишна Македонија - Повардарие).
Релјефно, во целиот регион планините и котлините припаѓаат на старите грамадни планини односно на родопскиот систем. Сите реки во регионот припаѓаат на егејското сливно подрачје, а најголема река во Источна Македонија е Брегалница.
Во овој регион спаѓаат градовите: Штип, Струмица, Кочани, Радовиш, Свети Николе, Виница, Делчево, Берово, Пробиштип, Кратово и Пехчево.