Кафе
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кафето е пијалок, кој се подготвува од печени зрна (семиња) од растението кафе. Тоа е еден од главните извори на човековиот психостимуланс - кофеинот, и според многубројни медицински експерти, здравствена напаст (видете кoфеинизам).
Кафето има два основни вида: Coffea arabica и Coffea canephora (robusta). Потеклото на зборот кафе не може со сигурност да се утврди меѓутоа се претпоставува дека доаѓа од регионот Кафа во Етиопија од каде што потекнува растението. Првите зрна кафе од Етиопија биле извезени во Јемен. Според легендите јеменскиот суфи мистик Shaikh ash-Shadhili кој патувал во Етиопија забележал кози кои биле невообичаено витални и енергични. Откако ги пробал малите зрна од растението кое го паселе, почуствувал слични ефекти како оние кои ги набљудувал кај животните. Arabica е традиционалното (наше турско или македонско) кафе кое има посилен вкус и арома. Robusta има повисоко ниво на кофеин а може да се одгледува и во средини во кои arabika не може да успее. Еспресото се базира на robusta. Кафето по нафтата е продукт со кој најмногу се тргува во светот. Првата кафеџилница во Америка е отворена во Бостон во 1670 година.