Кемал Ататурк
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мустафа Кемал Ататурк (на турски: Mustafa Kemal Atatürk) е основач и прв претседател на Република Турција од 1923-1938 година.
Роден е во Солун на 12 март 1881 година во турско семејство. Татко му бил член на месниот орган за зачувување на општествениот ред и сигурност, секретар на месните доброволни организации и трговец.
Ататурк учи воено училиште во родниот град, а подоцна во 1895 година и воена академија во Битола. Уште како млад офицер станува голем критичар на Османлиското царство Во текот на Првата Светска војна е командир на девизија, која успешно дејствува во Галиполи против сојузничките сили од Австралијанци и новозеландци. Потоа, оди во Кавказ и Сирија. Во мај 1919 година ја објавува националната револуција во Самсун, и организира иницијатива против разделувањето на Турција, а особено обидот на Грција да ја зазеде Смирна и околината околу неа. Победaта над Грците во септември 1922 година, му дозволува на Мустафа Кемал да го ревизира Северскиот мирен договор од 1920 г. преку Лозанскиот договор од 1923 г. и да добие контрола врз Цариград.
На 23 април 1920 година формира привремено управителство во Анкара. Неговиот режим официјално ја зазема султанската власт во ноември 1922 година, а единаесет месеци подоцна ја прогласува Турската Република, при што Мустафа Кемал станува прв претседател. Во март 1924 година ја поништува традиционалната религиозна институција - Халифата, што дозволува Турција да прерасне во светска држава. Во 1935 година го додава презимето Ататурк - „татко на Турците“. Управува како лидер до својата смртта во 1938 г.