Кејптаун
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кејптаун (англиски: Cape Town, африканс: Kaapstad, ксхоза: iKapa) е третиот најнаселен град во Јужноафриканската Република. Тој е провинциски главен град на Западен Кејп, како и легислативен главен град на ЈАР, каде се наоѓаат парламентот на ЈАР и многу владини канцеларии. Кејптаун е познат по неговото пристаниште, како и неговата природа во цветното царство Кејп, вклучувајќи ги и добро познатите обележја - планината Тејбл и Кејп Поинт. Кејптаун е често окарактеризиран како еден од најубавите градови поради неговата географија.
Кејптаун првобитно се развил околу неговото пристаниште како станица за холандските бродови кои пловеле до Источна Африка, Индија и Азија. Пристигнувањето на Јан ван Рибек на 6 април, 1652 година го направи овој град првата европска подалечна дестинација на Замокот на Добрата Надеж и останал најголем град во Јужна Африка сè додека не бил заменет со Јоханесбург, како резултат на откривањето на злато и дијаманти во Трансвал во 1887 година.
Кејптаун има 2,9 милиони жители. Површината на Кејптаун изнесува 2,499 km2, со што тој е помал од другите јужноафрикански градови, но со помала густина на населението. Кејптаун е град-близнак со Ница, Франција.