Компакт диск
Од Википедија, слободна енциклопедија
Компакт диск (англиски: Compact disk), е оптички диск кој се користи за зачувување на дигитални податоци. CD-то е прв пат произведено во 1982 и до ден денешен е стандарден медиум за снимање на аудио податоци. Аудио компакт диск е составен од една или повеќе стерео траки, зачувани со помош на 16 битно PCM кодирање на фрекфенција од 44.1 kHz. Стандардните компакт дискови имаат дијаметар од 120 или 80 милиметри. 120 милиметарските можат да содржат одприлика 80 минути аудио податоци. 80 милиметарските се користат за синглови, и можат да соджат околу 20 минути на аудио податоци. Компакт диск технологија е подоцна адаптира да зачувува и чисти податоци кои се познати како CD-ROM, и вклучуваат метод на единешно или повеќекратно запишување на податоците попознати како CD-R и CD-RW. Во 2004 годишната продажба на компакт дискови достигна преку 30 билиони дискови.
[уреди] Историја
Во раните 70ти, користејки видео ласердиск технологија, компанијата Philips, започнала со експерименти за аудио оптички дискови, кои ќе користат ФМ модулација. На крајот на 70-тите Philips, Sony и други компании ги представиле своите прототипови за Аудио дискови.
Во 1979 Philips и Sony одлучуваат да се спојат, и формираат работен тим на инженери чија мисија е да дизајнираат нов формат на аудио диск. По неколку години на експерименти тимот го создава „Red Book“, стандардот за компакт дискови.
Дизајнот на компакт дискот најпрво бил замислен како наследник на грамофонската плоча. Сепак со развојот на технологијата Компакт дискот се развил до тој степен да може да зачувува било кој тип на информација. Па така во Јуни 1985 на пазарот е представен CD-ROM а во 1990 и CD-R.
[уреди] Физички детали
Компакт дискот е направен од 1.2 мм дебел диск од многу чиста поликарбонатна пластика. Тенок слој на супер чист алуминиум се додава на површината (или во некои случаи злато, со цел податоците да се подолготрајни) за да се направи рефлективна, кој потоа се заштитува со лак. На лакот може да се печати. Податоците се зачувуваат во форма на мали вдлабнатини на површината на дискот. Секоја вдлабнатикна е одприлика 100 нано метри, длабока и 500 нано метри широка, а во должина може да варира од 850 нано метри до 3.5 микро метри. Растојанието помеѓу траките, може да биде 16 микро метри. Компакт дискот се чита со помош на фокусиран ласер, на бранова должина од 780 нано метри. Разликата во висината помеѓу врежаните податоци, создава фазна разлика помеѓу светлината која се рефлектира од вдлабнатината и околината. Со мерење на овој интензитет на рефлектирана светлина, со помош на фото диода, се читаат и податоците кои се врежани.