Константин I Велики
Од Википедија, слободна енциклопедија
Константин I Велики (Ниш, 28 февруари 274 - 337), римски владетел од 306 до 337 година, кој заедно со Лицијан, владетел на Источното римско царство, го издаде 313-тиот милански едикт со кој се дава слобода на вероисповедта на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почна да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формира нова престолнина на исток, Константинопол (Цариград, Истанбул).