Левијатан
Од Википедија, слободна енциклопедија
„Левијатан“ е политичко-филозофско дело на англискиот материјалист Томас Хобс, објавен 1651. година. Станува збор за „левијатан“ кој има хебрејско потекло и значи „морска неман“, „голем брод“ или „силен човек“.
Кај Хобс, левијатан е суверена државна власт (за него најдобра форма е апсолутна монархијата), која е потребна за да се присилат луѓето на своите обврски. Затоа луѓето склучуваат договори за „својата моќ и сила од еден човек да се пренесе на еден човек или на неколку луѓе“, и така да создадат државна заедница. Инаку, луѓето би се вратиле во природна состојба во која човекот на човек е волк, ако немало општествен договор на основа на разумните правила да не прават на другиот ништо што не би сакале ним да им го прават.