Луј Пастер
Од Википедија, слободна енциклопедија
Луј Пастер (27 декември 1822 - Париз, 28 септември 1895) (француски: Louis Pasteur).
Француски хемичар и биолог, кој во првите истражувања дошол до заклучок дека топлината ги уништува штетните бактерии и со тоа ја поставил основата на постапката за стерилизација при хируршките зафати, што во негова чест била наречена - пастеризација.
Утврдил дека ферментацијата била биолошки процес и ги побил дотогашните теории за спонтаната регенерација на микроорганизмите. Пастер го задолжил човештвото со откритието на вакцината против беснило, до која дошол по низа експерименти во 1895 година.
На 6 јули 1885 Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Џозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.