Макс Планк
Од Википедија, слободна енциклопедија
Макс Планк (Киел, 23 април 1858 - Гетинген, 4 октомври 1947) е германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика.