Мелбурн
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мелбурн (англиски: Melbourne) е главниот град и мајголемиот град на австралиската држава Викторија и вториот по големина град во Австралија (по Сиднеј)
[уреди] Основни карактеристики:
Површина: 7.694 km²
Население: 3.592.591
Густина на населеност: 479,6/km²
Координати: 37° 49' 14" ЈГ Ш 144° 57' 41" ИГД
Поштарски број: 3000
Позивен број: +61(0)3
Временска зона: UTC+10 (Летно време: UTC+11)
Зона Транспорт: Зона 1
Официјална страница: www.melbourne.vic.gov.au
Градоначалник: Џон Со
Мелбурн има население од околу 3,80 милиони граѓани а околината брои плус 69 670 граѓани. Мелбурн бил главен град на Австралија од 1901 година до 1927 година. Градот се отликува со својата космополитност, висок животен стандарт. Три поредни години 2002, 2003 и 2004 е определуван за "World's most livable city" т.е. најдобар за живење град во светот. Мелбурн е дом на повеќе от 70% од викторијанците.
Мелбурн е голем индустриски и трговски центар. На многу австралиски компании главните седишта им се наоѓаат таму. Најголемиот аеродром во Австралија се наоѓа во Мелбурн. Во градот постојат седум универзитети. Исто така многу развиена е и автомобилската индустрија со производствени погони на Форд, Тојота и др.
Градот е основан во 1834 година од страна на Џон Бетмен и Џон Паско Фокнер.
Во 1956 година градот бил домакин на Олимписките игри. Градот е познат и по одржувањето на гремслем турнирот по тенис. Истотака, таму се наоѓа и трката во Формула 1.