Небесна Кула
Од Википедија, слободна енциклопедија
Небесната Кула (англиски: Sky Tower) е кула на аголот од улиците Викторија Ст. и Федерал Ст. во центарот на Окленд, Нов Зеланд. Висока е 328 метри, од приземјето до врвот на јарболот, и со тоа е највисоката самостојна градба на Јужната хемисфера. Интересно е тоа што архитектот јавно се откажал од своето дело. Кулата е 12-та највисока членка на Светската федерација на големи кули. Оваа кула е дел од казино-комплексот SKYCITY Auckland сопственост на SKYCITY Entertainment Group.
[уреди] Намени
Покрај забава, кулата служи за телекомуникации и пренос кои простории се наоѓаат на 48-миот спрат. Исто така тука неколку радио станици делат предавател. ТВ компанијата Канвест (во чија сопственост се каналите ТВ3 и Ц4) тука има спореден предавател -- додека нивниот главен предавател е во Ваиатаруа. Горниот дел од кулата има два ресторана (од кои еден е вртлив) и разни нагледни платформи. Кулата има 600.000 посетители годишно или по околу 2 посетитела во минута.
Кулата исто така нуди банџи-скокање, т.н. SkyJump помогнато од кабел од висина од 192 м од една нагледна платформа на кулата.
[уреди] Изградба
Пои две ипол години изградба, кулата била свечено отворена на 3 март, 1997, шест месеци порано од предвидениот рок [1]. При изградбата употребени се 15,000 кубни метри цемент, 2,000 арматура и 660 тони градежен челик. Јарболот тежи повеќе од 170 тони.
Одговорна за изведбата била фирмата Флечер Констракшн. Оваа фирма обезбедила координација, стуктурни, геотехнички, градежни, механички, електрични, водоводни услуги, како и осветлување и противпожарен систем.
Кулата е направена да издржува ветрови посилни од 210 km/h и да издржува земјотреси низ период од 1000 години. Според анализите, земјотрес со епицентар на 40 раздалеченост и јачина од 7,0 на Рихтеровата скала не ѝ може ништо на кулата. Дури и земјотрес со јачина од 8,0 по Рихтеровата скала, што е речиси невозможно во овие краишта, неможе да ја сруши кулата.
[уреди] Надворешна врска