Органела
Од Википедија, слободна енциклопедија
Органела е клеточна структура во која се одвиваат најразлични процеси кои се од важност за клетката. По аналогија, улогата на органелите во клетката е како онаа на органите од организмот. Органелите се делат на универзални, растителни и животински органели.
[уреди] Клеточни органели
- Универзални органели — се среќаваат во сите видови на клетки:
- Јадрото е најважната клеточна органела. Во него се содржи генетската информација.
- Митохондриите се органели во кои се одвива процесот наречен клеточно дишење.
- Рибозомите учествуваат во синтезата на протеините.
- Ендоплазматичниот ретикулум е внатрешноклеточен циркулаторен систем, кој врши транспорт на материи доста важни за клетката.
- Голџиевиот систем учествува во образувањето на вакуолите, везикулите, лизозомите, сферозомите итн.
- Вакуолите имаат улога во складирањето на клеточните сокови, како и при клеточната дигестија.
- Микротубулите се градбени делови на цитоскелетот и учествуваат во делбата на животинската клетка
- Трепки и камшичиња, учествуваат во најразличните движења на клетката.
- Микротела, субмикроскопски структури со најразличен облик и функција.
- Растителни органели — ги има само во растителните клетки:
- Пластидите, кои се пигментирани органели (освен леукопластите). Кај растенијата, хлоропластите имаат улога во фотосинтезата.
- Сферозоми, синтетизираат липиди.
- Животински органели — ги има само во животинските клетки
- Центриоли, кај животинските клетки учествуваат во градбата на делбеното вретено.