Органска хемија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Органската хемија е дел од хемијата што ги изучува структурата, својствата и синтезата на органските соединенија. Органската хемија е наука која почнала да се развива во првата половина на 19 век. Името "органска хемија" за првпат е воведено во почетокот на 19 век, од страна на шведскиот хемичар Берцелиус. Денес се познати над 6.000.000 органски соединенија. Главната причина за големиот број органски соединенија е способноста на елементот Јаглерод (C) да се врзува на различни начини во самата структура на молекулата. Во по4етокот органската хемија ги проу4увала супстанците од кои се изградени живите организми(протеини ,масти,шеќери...)или,пак, тие што настанале со разложување на живата материја(нафта..).Овие супстанци биле наре4ени органски материи.
Ова е недовршена статија за наука. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |