Петар Велики
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петар I или Петар Велики (Москва, 9 јуни 1672 - Петерсбург, 8 февруари 1725), цар на Русија. Беше коренит реформатор на рускиот социјален, економски и општествен живот. Се истакна како војсководец на копно и на море. Беше вешт политичар и дипломат. Основа многу училишта, Академијата на науките, а престолнината ја пресели во новоизградениот Петерсбург, односно Петроград.