Пливање
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пливање е активност која се состои од движење на човекот по површината на водата во саканиот правец. За разлика од ѓњурењето кај кое движењето се одвива потполно под водата, кај пливањето е можно нормално дишење. Пливањето е честа рекреативна активност но и натпреварувачки спорт. Иако пливањето е здрава активност, доколку пливачот не ја процени добро својата вештина и подготвеност постоји постојана опасност од давење.