Полјаци
Од Википедија, слободна енциклопедија
Полјаците се европски народ од западно-словенската група, населен претежно во Република Полска. Полјаците во мнозинство се католици, и го говорат полскиот јазик.
[уреди] Бројност и распространетост во светот
Според бројноста Полјаците се втор најброен словенски народ, веднаш после Русите. Нивната бројност се движи 55 до 60 милиони луѓе. Покрај во Полска, голем број на Полјаци и полски заедници живеат во САД, Австралија, Канада, Велика Британија, Ирска и други западно европски земји.
[уреди] Потекло на етнонимот Полјаци
Етимологијата на името Полјак (полски: polak) доаѓа од старословенскиот збор „поле“ - т.е. во буквален превод името „Полјаци“ значи „жители на полињата“.
[уреди] Познати Полјаци
- Јан Собиески - средновековен полски владетел
- Никола Коперник - средновековен полски физичар, астроном и научник
- Марија Склодовска - Кири - полски научник, откривач на плутониумот
- Папата Јован Павле II (Карол Војтила) - римокатолички папа
- Лех Валенса - водач на синдикатот „Солидарност“ во 1980 година и прв претседател на пост-комунистичка Полска