Порт-о-Пренс
Од Википедија, слободна енциклопедија
Порт-о-Пренс (на француски: Port-au-Prince, Pòtoprens на креолски јазик) е главниот град на Хаити. Има околу 1.277.000 жители и е најголем град во државата. Порт-о-Пренс се наоѓа на брегот на заливот Ла Гонав. Структурата на градот е слична со онаа на еден амфитеатар: комерцијалните области се поблиску до водата, додека станбените квартови се наоѓаат на околните ридови.