Радиокарбонско датирање
Од Википедија, слободна енциклопедија
Радиокарбонско датирање е радиометриски метод за датирање кој го употребува природниот постоечки изотоп на јаглерод-14 (14C) за да ја одреди староста на јаглеродните материјали до старост од 60 000 години пред н.е.
Техниката на радиокарбонско датирање била откриена од Вилард Либи и неговите колеги во 1942 година во времето кога тој бил редовен професор на Универзитетот во Чикаго. Либи проценил дека пеостојаната на радиоактивна концентрација на променливиот јаглерод-14 би била отприлика 14 распаѓања во минута (dpm) по грам. Во 1960, за оваа работа тој бил награден со нобелова награда за хемија.