Рајко Жинзифов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Рајко Жинзифов | |
македонски и бугарски писател | |
Роден | 15 февруари, 1839 Велес, денес Република Македонија |
---|---|
Починал | 1877 Москва, Русија |
Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес, 15 февруари 1839 - 15 февруари 1877, Москва) е познат македонски преродбеник. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и собирач на народно творештво.
Роден во Велес во влашко гркоманско семејство по потекло од Москополе (Јужна Албанија), а доселено во Велес од Битола. Татко му Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.
Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност.
Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.
Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни "Глас" и "Велигден". Тој ја напишал и поемата „Крвава Кошула“ (1870).
Тој исто така го напишал и првиот расказ во нашата литература под наслов: "На Прошедба".
Во Бугариjа почитуван како бугарски преродбеник и уметник. Во своето творештво, Жинзифов се нарекува Бугарин, а Македонија - Бугарска земја.[1][2][3][4][5]
[уреди] Надворешни врски
- Биографија на Рајко Жинзифов
- Рајко Жинзифов
- "Ако баба лаже, трап не лаже", Александар Бонев
- Рајко Жинзифов, Творештво (бугарски)
- Слики од животот, Васил Тоциновски
- Рајко Жинзифов во Русија, (руски)
[уреди] Извори
- ↑ Жинзифов, Р., Крвава Кошула, 1870
- ↑ Жинзифов, Р., Гулаб
- ↑ Жинзифов, Р., Питање и одговор
- ↑ Жинзифов, Р., Гусљар в собор
- ↑ Жинзифов, Р., Вдовица