Региони во Франција
Од Википедија, слободна енциклопедија
Франција се дели на 26 региони (фр. régions), од кои 21 се континентални, еден е островот Корзика, и четири се прекуморски. Регионите понатаму се делат на меѓу 1 и 8 департмани.
Содржина |
[уреди] Општи карактеристики
Во континентална Франција (освен Корзика), просечната површина на регион е 25,809 km² (околу површината на Република Македонија), што е една петтина од просечната површина на сојузната држава во САД, и само 4% од просечната површина на една канадска провинција, но за 15% поголема од просечната површина на германска покраина, и за 67% поголема од просечната површина на регион во Англија.
Во 2004, просечниот број на населението во еден француски регион изнесувал 2,329,000 жители, што е малку помалку од половина на просечниот број на населението во еден регион во Англија, малку повеќе од половина од просечниот број на населението во една американска држава, а 3/4 од она на една германска покраина, но повеќе од двојно на она кај една канадска провинција.
Просечниот регион во Франција е сочинет од четири департмани.
[уреди] Улога
Регионите немаат законодавна автомонима, нити пак можат да донесуваат регулативи. Секој има свои давачки (со поголеми давачки добиваат помал дел буџет од државата) и имаат видни, но не баш големи буџети под управа на регионални совети со номинирани застапници од департманските собранија и главните општини во регионот.
Нивната главна правна задача е да градат и одржуваат средни школи.
Освен овие правни должности, регионите имаат значителни дискрециони трошоци за инфракструктура (образование, јавен транспорт, помош на универзитети и изтражни тела, помош за претприемачи). Заради ова, претседателствувањето на еден богат регион како Ил-де-Франс или Рона-Алпи е прилично високопрофилна функција.
[уреди] Региони
де Кале
Нормандија
Франс
Ардени
Конте
Лоара
Нормандија
Шарант
Алпи
Русијон
Азурен Брег
Залив
Море
[уреди] Видете исто така
- Административна поделба на Франција
- Знамиња на француските региони
[уреди] Надворешнио врски
Аквитанија • Алзас • Бретања • Бургундија • Горна Нормандија • Долна Нормандија • Ил-де-Франс • Југ-Пиринеи • Корзика • Лангедок-Русијон • Лимузен • Лорена • Оверњ • Пикардија • Прованс-Алпи-Азурен Брег • Пуату-Шарант • Регион Лоара • Рона-Алпи • Север-па де Кале • Франш-Конте • Центар • Шампањ-Ардени
Прекуморски региони: Француска Гвајана • Гвадалупе • Мартиник • Реунион