Референдум
Од Википедија, слободна енциклопедија
Референдумот претставува облик на непосредно одлучување на граѓаните за одреден правен акт или за донесување на одредена одлука од посебно значење за државата или локалната заeдница. Референдумот претставува најзначајна и најраспространета институција на непосредната демократија во светот.
Во Македонија референдумот е уставна категорија преку членот 73 од уставот на Република Македонија. Референдум може да се распише по претходно гласање на мнозинството парламентарци или пак Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Одлуката донесена на референдумот е задолжителна.
Формите на референдум се уредуваат со Уставот, Законот за референдум и граѓанска иницијатива од 1998 како и законот за локална самоуправа од 2002.