Роб
Од Википедија, слободна енциклопедија
Роб е неослободен човек, припадник на основната експлоатирана класа во робовладетелското општество. Иако бил главна производна сила, робот бил правно изедначен со предметите. Неговиот сопственик можел да располага по своја волја со него: да го продаде, тепа, убие. Робови станувале воени заробеници, граѓани од освоени земји и презадолжени граѓани.
Според современата наука,причина за постоење на робовите во различни периоди од историјата и на различни локации, е само и единствено економска - да се има бесплатна работна рака.